Системско решение за пожарни дампери
Повеќе перформанси, повеќе вредност - поголема безбедност.
Пожарите претставуваат најголема потенцијална закана за луѓето и материјалните средства во објектите. Ефикасната пожарна заштита спасува животи во време на опасност, помага да се минимизираат материјалните штети и обезбедува континуирано оперирање на компаниите. Најдобрата заштита од ширење пожар и чад низ каналот е обезбедена со преградување со помош на моторизирани пожарни дампери. Вмрежувањето на дамперите овозможува редовни проверки на оперирањето, ја зголемува транспарентноста и одговорноста на системите и со тоа придонесува за зголемена безбедност.
Безкомпромисна безбедност
Максимална безбедност со вмрежување на моторизирани пожарни дампери
Конвенционално или дигитално вмрежените пожарни дампери може да се активираат брзо и на предвиден начин во случај на пожар. Раното затворање и сигурното држење на пожарниот дампер во безбедносната позиција обезбедува максимална безбедност во објектот со ефикасно спречување на ширење пожар и чад преку каналите за вентилација.
Опсег на продукти
Modbus RTU и BACnet MS/TP
Комуникациска и напојна единица BKN230-24-MOD
- Modbus интерфејс RTU
- BACnet интерфејс MS/TP
- Брзина на опсег до 76.800 Bd
- Терминалното поврзување може да се префрли
- Параметрирање преку DIL прекинувач
- Преклопување на Modbus, BACnet со DIL прекинувач
- Предности за клиентите
Консултирање инженери
Планирање HVAC системи е вашата основна компетенција. Постојано сте во потрага по нови, иновативни и современи решенија. Работите со најмодерните методи и користите податоци од снабдувачи/производители за вашето планирање. Како потрошувач на Belimo, имате придобивки од бројни поволности:
- Современи решенија
- Иновативни технологии ориентирани кон иднината
- Различни опции за интеграција во системи на повисоко ниво
- Комплетна и лесно достапна документација
- Консултантски услуги за индивидуални производи и апликации
- Намалени расходи за планирање
Интегрирачи на системи
Вашата задача е да дизајнирате системи за управување со објекти и оптимално да ги интегрирате уредите во поле. Вашата цел е да ја намалите комплексноста и да загарантирате транспарентност за непрекината оптимизација на технологијата за објект. Како потрошувач на Belimo, имате придобивки од бројни поволности:
- Различни опции за интеграција и системска компатибилност
- Брзо и едноставно пуштање во употреба
- Низок ризик од грешки за време на интеграцијата
- Комплетна и лесно достапна документација
- Организација ориентирана кон услуги и клиенти на вашата страна со компетентна поддршка во наоѓањето решенија
Инсталатери/погонски инженери
Инсталацијата на HVAC технологијата за објект е ваша дејност. За да ги извршите вашите задачи, потребни ви се правилните производи во правилно време на локацијата. Лесната монтажа и експертската поддршка ви овозможуваат да го исполните вашиот зафатен распоред. Како потрошувач на Belimo, имате придобивки од бројни поволности:
- Кратки времиња на испорака
- Копмлетни решенија од едно место
- Брза и лесна инсталација
- Опфатна поддршка низ целиот работен век на производот
- Комплетна и лесно достапна документација
- 5-годишна гаранција
- Различни опции за интеграција и системска компатибилност
Сопственици на објекти
Подобрувања во комфорот и потрошувачката на енергија, како и едноставните проширувања на објекти и надградби се постојани предизвици за вас. Оптимизирање на вашиот HVAC систем со најмал напор и ниски трошоци е главниот фокус. Како потрошувач на Belimo, имате придобивки од бројни поволности:
- Највисоко ниво на безбедност за луѓето и материјалните средства во случај на пожар
- Минимални трошоци за оперирање и одржување
- Современи решенија
- Едноставна редовна оперативна проверка
- Висока доверливост и сигурност на инвестициите
- Иновативна технологија ориентирана кон иднината
Менаџери на објекти/одржување на објекти
Управувањето, контролата и оперирањето на објектите и нивната техничка опрема поврзана со безбедноста се дел од вашите секојдневни задачи. Потребни ви се решенија со кои се гарантира безбедноста во случај на пожар и се оптимизира оперирањето на постројката без да се загрози безбедноста. Ги цените едноставните и транспарентни системи и брзата испорака на резервни делови и поддршка во секое време кога е потребно. Како потрошувач на Belimo, имате придобивки од бројни поволности:
- Највисоко ниво на безбедност за луѓето и материјалните средства во случај на пожар
- Минимални трошоци за оперирање и одржување
- Високо ниво на снажност и долговечност
- Едноставна редовна оперативна проверка
- Современи решенија