HVAC-сензори за квалитет на воздух за здрава и ефикасна клима во затворени простории
Нашите HVAC-сензори за квалитет на воздух нудат прецизни мерења, како и естетски и безвременски дизајн за архитектите, брза монтажа за инсталатерите, лесно пуштање во употреба со паметен телефон за системи интеграторите и здрава клима на просторија за станарите. Со или без екран на допир за ePaper, тие надгледуваат и контролираат повеќе параметри неопходни за комфор и безбедност на затворената просторија, вклучително и нивоата за температура, влажност и за CO2. Собните работни единици со вирутелен екран овозможуваат целосна и лесна контрола без грижење за неовластен пристап.
Собни работни единици со виртуелен екран – целосен пристап, не е потребно заштитно куќиште
Собната работна единица со виртуелен екран е идеалното решение за аеродроми, други јавни згради и училници. Нема потреба од екран и може да се ракува директно преку вашиот паметен телефон со користење на Belimo Display App. Пристапот е заштитен преку четирицифрен код – па затоа не е потребно дополнително куќиште за заштита од неовластен пристап. Кои се придобивките во споредба со дополнително куќиште? Прецизно мерење, без фаслификување поради заштитното куќиште, не е потребен клуч, лесно работење за овластени лица, стилска и едноставна собна работна единица којашто едвај се забележува, како и брза и лесна монтажа – па затоа и без дополнителни тошоци.
Надминување на предизвиците за дизајнот
Дизајнирањето сензори за просторија што исполнуваат повеќекратни барања за прецизност, брзина и разновидност низ целиот свет е комплексна задача. Ова бара темелно планирање при дизајнирањето на уредот за да се елиминираат потенцијалните внатрешни извори на грешки, притоа компензирајќи и за надворешните флуктуации. Еден пример за тоа како напредуваме во создавањето веродостојни сензори за просторија со високи перформанси е преку надминување на предизвиците за дизјнот со цел да осигуриме прецизно мерење на температурата.
Важноста на надгледувањето на внатрешните нивоа на СО2 во училиштата
Надгледувањето на нивоата на CO2 во училиштата е критично за одржување здрава средина за учење. Високите концентрации на јаглерод диоксид (СО2) може да имаат штетни влијанија врз учениците, нарушувајќи ја конгитивната функција, нивоата на енергија и севкупната добросостојба. Бројни студии имаат покажано дека нивоа на CO2 во простории над 1000 ppm се поврзани со нарушени когнитивни перформанси. Учениците може да имаат проблеми со концентрацијата, нарушено донесување одлуки и нарушени вештини за решавање проблеми, а сето тоа го попоречува академскиот прогрес. Покрај тоа, високите концентрации на CO2 може да ги влошат респираторните проблеми, како и да предизвикаат главоболка и замор.
Редовното надгледување на внатрешниот CO2 им овозможува на управителите на установите да идентификуваат проблеми со вентилацијата, што им помага да донесат информирани одлуки при преземањето мерки за подобрување на квалитетот на воздухот за учениците.
Бекспрекорна интеграција и максимална компатибилност
Сензорите за просторија на Belimo може да бидат непречено интегрирани во системите за управување со објект преку користење на протколите BACnet MS/TP, Modbus RTU или MP-Bus, со што се поедноставуваат процесите за пуштање во употреба и за инсталација, додека се заштедува време за поставувањето жици. Покрај тоа, сензорите се опремени со Помошен дигитален влез, со што се овозможува да се поврзуваат и надгледуваат сензори и прекинувачи од трети страни (како што се аларми за прозорец и детектори за присуство). Влезните вредности се пренесуваат со користење на протоколите BACnet MS/TP, Modbus RTU или MP-Bus, со што се осигурува непречена интеграција и компатибилност со различни системи за управување со објект.
Пуштање во употреба на дофат на раката
Belimo Assistant App нуди транспарентност во оперирањето кога се користи со сензори за просторија на Belimo кои имаат интегрирано поле на комуникација во близина (NFC). Со паметен телефон,Belimo Assistant App овозможува брзо и лесно програмирање, пуштање во употреба и решавање проблеми, дуру и без напојување. Покрај тоа, бројни дијагностички параметри покажуваат како единицата врши интеракција со системот за време на оперирањето. Ако е потребно сервисирање, возможно е брзо да се изврши анализа на грешка.
Друга придобивка на технологијата NFC е брзото пуштање во употреба. За пуштање во употреба нов HVAC-сензор за квалитет на воздух, едноставно копирајте ги поставките од однапред поставен сензор за просторија и „залепете“ ги во новиот сензор. Ова значително го намалува времето поминато за пуштање во употреба.