"Floating Office" Ротердам
Одржливоста и енергетски ефикасните објекти се топ тема во модерната архитектура, а едно од најновите чуда е "Floating Office" во Ротердам. Објектот се состои од споени бетонски блокови кои пловат врз реката Ниуве Маас и ги користат нејзините води и за ладење и за греење. Дополнително, вградена е паметна технологија за греење, вентилација и климатизација од Belimo што помага да се создаде оптимална средина, со минимална потрошувачка на енергија. Заедно со соларните ќелии инсталирани на покривот, овој иновативен систем го прави објектот целосно самоодржлив.
Признание за одржливоста
Floating Office во Ротердам (FOR) е дизајнирана и креирана од Powerhouse Company – меѓународно архитектонско претпријатие основано во Копенхаген и Ротердам – заедно со експертот за недвижнини RED Company и консултанти од Roodenburg Groep BV. Проектот има за цел да ги одрази вредностите на неговиот закупец, Глобалниот центар за адаптација (GCA) – организација која промовира еколошки технологии и поттикнува пристап посветен на климата во фазите на планирање и инвестирање. FOR доби големо внимание во медиумите кога беше завршен во септември 2021 година, а беше инаугуриран од холандскиот крал Вилем-Александар.
FOR е целосно изграден од дрво и други материјали што може да се рециклираат и е дизајниран така што може целосно да се демонтира за повторна употреба. Но, тоа не е сè, покривот на објектот е опремен со вкупно 800 m2 соларни панели, а останатиот дел е покриен со "седум" – растение што ја задржува водата и не бара големо одржување, апсорбира јаглерод диоксид и други стакленички гасови. Оваа зелена површина служи и како живеалиште за птици и инсекти, привлекувајќи опрашувачи и дополнително го намалува влијанието на објектот врз околината.
Пловечка
Основата на објектот се состои од 15 поврзани пловки кои го следат порастот и падот на нивото на водата во приливот од плимата, кој може да се промени за дури два метра во текот на денот. До FOR може да се пристапи преку пешачка патека, а нејзините три ката имаат вкупна површина од 3.607 m² каде што се е сместени GCA, ресторан и базен.
Топло и ладно
Пластичните цевки за подно греење се инсталирани во пловките, кои служат како активирање на јадрото на бетонот за да го принуди воздухот да помине низ дупките во материјалот и да ја грее или лади зградата со минимална загуба на енергија. Топлината и студот се извлекуваат од водата во реката одоздола, а топлинските пумпи се користат за трансформирање на водата во опсег од -7 до 55 °C до 12 °C за цевките за разладена вода и 35 °C за системот за централно греење. Покрај тоа, комбинацијата на подно греење и таванско разладување работи како систем за испорака за зголемување или намалување на собната температура.
Минимална потрошувачка на енергија
Системите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) сочинуваат голем дел од потрошувачката на енергија на објектите, поради што Powerhouse избра да работи со Belimo – компанија која е позната по тоа што обезбедува ефикасни решенија со минимална потрошувачка на енергија. Со инсталирање на вентилите и еколошките сензори на Belimo – кои ја следат внатрешната температура, релативната влажност и нивото на јаглерод дионоксид – Powerhouse може да обезбеди оптимални услови и во канцелариите и во рестораните. Бидејќи бројот на луѓе во различни делови на FOR се менува во текот на денот, квалитетот на воздухот постојано се проверува за да се осигура дека секоја соба го добива точното ниво на вентилација, дополнително намалувајќи ја потрошувачката на енергија без да се загрози удобноста.
Ефикасно надгледување и беспрекорна контрола
Сензорите и вентилите се поврзани со BACnet, што го олеснува собирањето на податоците и оптимизирањето на околината. Покрај тоа, 6-насочните притисно-независни вентили (EPIV) ефикасно заменуваат дури четири 2-насочни вентили осигурувајќи дека топлата и ладната вода никогаш не се мешаат. Неговата функција за ослободување притисок може брзо да реагира и да ги компензира промените во притисокот предизвикани од разликите во температурата на водата. Бидејќи подмерењето сега често е услов во еколошките објекти, Belimo Energy Valve™ се инсталира во цевките за разладена вода и за централно греење за кој било дел од објектот што троши повеќе од 5 проценти од вкупната енергија, што овозможува одделно да се следат различни области.
-
Belimo Energy Valve™ ја следи и контролира температурата на снабдувањето на вода, коефициентот на проток и температурата на повратот на водата од системот за греење и ладење. Floating Оffice го користи Belimo Energy Valve™ како контролен вентил и мерач на топлинска енергија инсталиран во јамките за извлекување на површинските води со топлински пумпи, сите единици за регулирање воздух и колектори за подно греење.
-
Floating Office е опремена со Belimo сензори и уредите за мерење за греење, вентилација и климатизација коишто обезбедуваат доверливо и прецизно мерење и надгледување со беспрекорна интеграција на систем за автоматизација на објект. Инсталираните Belimo сензори работат заедно како целосен систем преку BACnet MS/TP.
-
За создавање и одржување на совршена внатрешна клима за сите затворени простори, Floating Оffice е опремена со VAV систем за да обезбеди работење регулирано според побарувачката на вентилаторот на единицата за регулирање воздух.
-
Повеќе од стандардни производи: приспособени производи за брза инсталација и беспрекорно вклопување
За лесна инсталација, Belimo испорача теренски уреди приспособени за Floating Оffice. Однапред склопените и тестирани теренски уреди како Belimo Energy Valves, 6-насочни вентили, електронски притисно независни регулациони топчести вентили, варијабилни волумени на воздух, Belimo сензорите за CO2 со приспособени кабли и конектори го намалуваат времето на инсталација на половина ден, наместо вообичаено предвидените 4-5 дена за цел кат.
Belimo нуди повеќе од само производи. Ние ги поддржуваме нашите клиенти со приспособени, однапред монтирани и тестирани склопови за да се вклопат најдобро во вашите апликации.
Сертификација BREEAM
Не е изненадување фактот што сите горенаведени квалитети на FOR му го донесоа сертификатот „Одличен“ според методот за оцена на животната средина во истражување на објекти (BREEAM). BREEAM е мерење за проценка на одржливоста на проектите и факторите во девет категории на одржливост – управување, здравје, енергија, транспорт, вода, материјали, отпад, користење на земјиште и екологија и загадување – истакнувајќи колку добро обмислен е проектот на FOR од почеток до крај.