Ултразвучен мерач за проток
Belimo го проширува портфолиото со ултразвучен мерач за проток
Доверливото мерење на протокот е од суштинско значење за максимизирање на ефикасноста на HVAC системот и обезбедување комфор на станарите. Новиот мерач на проток на Belimo користи ултразвучна технологија за транзитно време за да обезбеди точни и повторливи мерења на протокот на мешавини на вода и вода/гликол без отстапување во која било апликација за греење, ладење и вентилација и климатизација.
Иновативниот метод на мерење има:
-
Влажно калибрирано со повеќе точки за да се обезбеди прецизност и можност за репродукција.
-
Патентираната технологија за компензација на температура и гликол ја елиминира потребата од рачната калибрација.
-
±2 % прецизност при отчитувањето и ±0,5 % можност за репродукција осигурува прецизно и точно мерење на протокот.
-
Ултракомпкатна големина со кратка должина на влез од 5 х номиналниот дијаметар на цевка и без барања за должина на излез, што дозволува ултразвучниот мерач за проток да се инсталира во тесни простори.
-
Ниската потрошувачка на електрична енергија од само 0,5 W заштедува енергија и капацитет на трансформаторот.
Зошто компензацијата за гликол е важна?
Додавањето на гликол е највообичаениот начин да се заштитат HVAC системите на база на вода што се изложени на температури под нулата. Додавањето гликол ја намалува точката на замрзнување, која исто така ја зголемува точката на вриење и има значително влијание на вискозноста, густината и капацитетот на топлина на HVAC системите.
Одредување на протокот/топлинската енергија без земање предвид на температурата и концентрацијата на гликол може да предизвика грешки при мерењето. Недоволните или несигурните отчитувања на температура може да го изобличат коефицентот на топлина за 18 %. Неточниот или непознатиот состав на гликол и вода може да предизвика отстапувања до 30 % во волуменскиот проток.
-
Overcoming the Glycol Measurement Challenge
(pdf -
546 KB)
Како фукционира
Лесна инсталација и пуштање во употреба
Лесна инсталација
Влажната калибрација од повеќе точки овозможува инсталација без проблеми и точно мерење на протокот од стартувањето.
Дизајн што штеди простор
Компактната големина на целосниот склоп на сензори гарантира дека мерачот за проток може лесно да се инсталира дури и во тесни простори.
Опфатни дијагностички функции
Опфатните дијагностички функции имаат функција за автоматско откривање воздушни меури и присуство на вода.
Прецизни резултати без промена
Развојот на линиските мерачи за проток кои користат ултразвучна технологија за време на премин за автоматско мерење и компензирање за концентрација на гликол претставува неверојатен напредок во мерењето топлинска енергија. Единичните мерачи за проток што се поставуваат еднаш и засекогаш е сѐ што е потребно за компензација за варијаблите и промена на високозноста, како и за капацитетите на топлина на течностите за пренос на топлина кои содржат до 60 проценти гликол. Без подвижни делови, сензорот е особено цврст и не бара калибрација, овозможувајќи сигурност дека измерениот проток е точен. Тоа го прави идеален за точно мерење што може да се репродуцира, подобрувајќи ја контролата и ефикасноста на HVAC системите.
Лидерско решение
„Како водечки глобален производител на актуатори, вентили и сензори, ги разбираме потребите и предизвиците на нашите клиенти. Belimo нуди повеќе од само производи. Нудиме квалитетни решенија кои ја зголемуваат енергетската ефикасност и ги намалуваат трошоците за инсталација со најбрзи времиња на испорака во индустријата.
Проширувањето на портфолиото на ултразвучен мерач за проток со патентирана технологија за компензација за гликол е вистински доказ за нашата тековна посветеност кон иновации.“
Рето Раиман, менаџер за глобален развој на бизнис за Belimo Sensor