Обука
Како водечка компанија на пазарот, сме обврзани да го споделуваме нашето знаење и иновативна природа со вас на наједноставниот можен начин. Освен нашите бројни вебинари, кои можете да ги најдете во делот Вебинари, нудиме и е-обуки за широк опсег на возбудливи теми.
Е-обуките ви овозможуваат пристап до дополнително образование од каде било и во секое време. Во различните курсеви за самостојно учење можете да добиете информации за нашите производи и општи примени.
Дали има тема за којашто би сакале да се информирате? Кажете ни!
- Образовни видеа
- Обука на интернет
Во овој дел нудиме пренос на опширно знаење преку кратки видеосеквенци.
Експретски разговори: последните наоди за квалитетот на внатрешен воздух од медицината, технологијата и политиката (на германски)
Времетраење: 52 минути
Во ова едукативно видео, водечките експерти ги истакнуваат најновите наоди за квалитетот на внатрешниот воздух (IAQ) и неговите далекусежни импликации за здравјето, технологиите и политиките.
Говорници:
Проф д-р Адријано Агуци е раководител на Институтот за невропатологија на Универзитетот во Цирих.
Клаус Хендел е извршен директор Технологија на Fachverband Gebäude-Klima e.V. (FGK).
Д-р Беноа Сикре е раководител на истражувачката група „Здравје и хигиена во објекти“ на Факултетот за инженерство и архитектура во Луцерн.
Мико Гисин е консултант за апликации и проекти во BELIMO Automation AG веќе шест години и е експерт за сензори и системи за вентилација.
Belimo ZoneEase™ VAV – контрола на CO2, температура и волуменски проток (на германски)
Времетраење: 24 минути
Здравјето, благосостојбата и продуктивноста во голема мера зависат од климата на просторијата. Затоа, добриот квалитет на воздухот во затворените простории е од фундаментално значење за дизајнот и работата на зградите. Варијабилните контролери на волуменски проток, исто така познати како VAV, овозможуваат прецизна контрола на волуменскиот проток на воздухот преку контролните секвенци директно интегрирани во VAV актуаторот.
Belimo ZoneEase™ VAV е екосистем за контрола на зони врз основа на варијабилен волумен на воздух кој лесно се користи. Решението ZoneEase VAV го поедноставува процесот за пуштање во употреба. Овозможува поддршка за пуштање во употреба и за одржување преку облакот и паметен телефон за да го подобри корисничкото искуство и ја намалува сложеноста на проектот и времето на неактивност, а притоа зголемувајќи ги поврзливоста, транспарентноста на податоците и економичноста.
Интелигентни контролни пеперуткасти вентили (на германски јазик)
Времетраење: 38 минути
Збогувајте се со високата потрошувачка на енергија, неефикасноста, непријатноста и огромните трошоци предизвикани од застарени вентили! Благодарение на иновативните контролни пеперуткасти вентили од Belimo со номинални дијаметри од DN 100 до DN 300, овие проблеми сега се минато – исто како и маката за наоѓање компатибилни решенија Belimo RetroFIT+.
Што точно се овие решенија и зошто тие толку ја менуваат индустријата можете да најдете во следниот видеотуторијал, кој се фокусира на следните точки и прашања:
-
Користење пеперуткасти вентили како контролни вентили. Како Belimo успева да користи интелигентни пеперуткасти вентили како контролни вентили?
-
Кои се предностите и недостатоците на ова решение и каде може да се користи?
-
Како може контролните пеперуткасти вентили да ја докажат својата вредност во однос на притисните вентили и кога која технологија е соодветна?
Европски зелен договор: Помош! Ура!? (на германски)
Времетраење: 23 минути
Зелениот договор на Европската унија, исто така, имаше конкретно влијание врз секторите за климатизација и услуги за технички објекти. Но, кои се точно импликациите и што може да очекуваат учесниците на пазарот и добавувачите да се случи? Во овој видео туторијал, Belimo би сакал да се осврне на следниве точки и прашања, меѓу другото:
- Преглед на регулаторниот пејзаж: што значи Зелениот договор за нормативното законодавство, како што е Директивата за енергетските перформанси на објекти (EPBD), Законот за енергетските перформанси на објекти (EPBG) и таксономијата и критериумите на ЕУ, за одржлива економска активност во контекст на Општествено управување со животната средина (ESG)?
- Кој ќе ги спроведе договорените измени, кој ќе одговара за нив и кој ќе биде засегнат од новите правила на зелениот договор?
- Како ова ќе функционира во пракса? Belimo сака да покаже индивидуални начини и решенија за да одговори на овие прашања.
Кога ми требаат моторизирани противпожарни дампери? (на германски)
Времетраење: 30 минути
Специјализираните планери и компаниите за услуги за технички објекти често се соочуваат со прашањето кога противпожарните дампери треба да се моторизираат како уреди за исклучување во системите за вентилација. За жал, во многу случаи, одобрениот концепт за заштита од пожари не дава специфики во овој поглед. „Каде го пишува тоа?“ е едно од најчесто поставуваните прашања во овој контекст.
Едукативното видео ги разгледува различните причини за моторизирање на дамперите за пожар:
- Што бара законодавецот во прописите како што е германскиот законик за модели за градба (MBO) и специфичните прописи за градење?
- Кои се барањата на Упатствата за германскиот модел на систем за вентилација (M-LüAR)?
- Што може да се каже за општо прифатените правила на технологијата?
- Кои се придобивките од моторизираните противпожарни дампери на сопственикот на зградата?
Belimo RetroFIT+ – Зголемување на енергетската ефикасност во постоечките централи (на германски јазик)
Времетраење: 23 минути
Постоечките системи за контрола на воздух во постоечките објекти-греење, ладење и вентилација- често нудат многу потенцијални начини за штедење на енергија. После се, интелигентната контрола на греење, ладење и вентилација многу значително придонесува кон енергетската ефикасност на објектите. Belimo го има вистинското решение за овие цели во неговото портфолио и нуди разбирлив концепт за зголемување на енергетската ефикасност под темата „RetroFIT+“.
Во ова едукативно видео ви ја претставуваме Belimo работната група која ги анализира постоечките системи и развива предлози за зголемување на ефикасноста, на пример со користње на други хидраулични кола или вентили зависни од притисок. Дознајте кои алатки може да се користат за да се постигне ова и која улога можат да ја одиграат интелигентните уреди како „Енергетски вентил“.
Дистрибутори и хидраулични кругови - основен тренинг(на англиски јазик)
Времетраење: 27 минути
Кои хидронски кругови се достапни? И кој е правилниот за мојот проект? Одговорите на овие прашања ќе ги најдете во основната обука, еден од деветте курсеви за обука на темата хидроника.
Шест основни кругови опфаќаат повеќе од 90 проценти од примените. Во ова образовно видео ќе дознаете повеќе за овие шест кругови и нивната употреба:
- Круг на пригушување
- Круг на вбризгување со 2-насочен вентил
- Круг на мешање
- Круг на мешање со фиксно мешање однапред
- Круг на пренасочување
- Круг на вбризгување со 3-насочен вентил
Основно познавање на дизајнот на вентили зависни од притисок. Дел 1(на Англиски)
Времетраење: 14 минути
Како се дизајнираат притисно-зависни вентили? Што е а-вредност? Што е авторитет на вентили? Овие прашања се во фокус на основниот тренинг 2.1.
Образовното видео ги покрива основните познавања за дизајнот на притисно-зависните вентили и особено се фокусира на следниве точки:
- Q = m x c x delta T
- Дел за варијабилен проток на кругот
- A-вредност на разменувачи на топлина
- Вредности на Kv/kvs
- Авторитет на вентили
- Крива на карактеристики
Основно познавање на дизајнот на вентили зависни од притисок. Дел 2(на Англиски)
Времетраење: 18 минути
Како правилно да ги применам знаењата од претходната основна обука 2.1 при дизајнирање притисно-зависни вентили? И какви формули ми требаат за ова? Овие прашања се покриени во основниот тренинг 2. 2.
Со користење пресметки за пример, ова образовно видео ги пренесува знаењата потребни за правилно дизајнирање притисно-зависни вентили. Ќе ги разгледаме следниве кругови:
- Круг на пригушување
- Круг на мешање
- Круг на вбризгување со 2-насочен вентил
Квалитет на затворен воздух и енергетска ефикасност со AHUs(na Angliski)
Времетраење 39 минути
Системите за греење, вентилација и климатизација честопати се инсталираат заради одржување комфорни нивоа во објектите. Меѓутоа, обично малку се знае за придобивките за здравјето на станарите во објектите и енергетската ефикасност на објектот. Со користење централни единици за регулирање воздух (AHU), можеме да ги адресираме аспектите на одржливост и квалитет на внатрешниот воздух.
Во ова образовно видео, подетално се проучуваат и се разговара за три од овие фактори во однос на единиците за регулирање на воздухот и енергетската ефикасност.
- Точна температура и одржување влажност
- Ефикасна филтрација.
- Соодветна количина на надворешен воздух
Мастер 1: Мерач на термална енергија (ТЕМ), снимка, регулатива и фактурурање на греење и ладење(на Англиски)
Времетраење: 32 минути
Како се дизајнираат мерачите за греење/ладење? Што е MID-сертификација? Што е контрола на позиција, контрола на волуменски проток и контрола на моќноста? Што мора да се земе предвид во однос на отчитувањето на мерачите, фактурирањето и регулативите за калибрација? Овие прашања се покриени во напредната обука 1.
Следните содржини се опфатени:
- Дизајн на мерач на топлинска енергија (мерач на греење/ладење)
- Вовед во концептите на контрола
- Контрола на позиција
- Контрола на волуметриски проток
- Контрола на моќноста
- MID-одобрение и калибрација
- Основни познавања на новите регулативи за трошоци за греење и законот за калибрација
Синдром на ниско delta T ─ причини и проблеми со низок опсег (само на англиски јазик)
Времетраење: 18 минути
Што е синдром на ниска delta T и што го предизвикува истиот? Како може да се поправи? Како ја утврдуваме точната delta T? Исто така, зошто со години ја користиме функцијата Менаџер за Delta-T во оптимизацијата на енергијата? Овие прашања се фокусот на ова образовно видео.
Следните содржини се опфатени:
- Причини за синдром на ниска delta T
- Оптимизација на хидрониката
- Делта Т менаџер- Функција и тип на активност
- Дигитално надгледување на состојба
Основи 3.1: Основни знаења за дизајнот на притисно-независните вентили (Дел 1) (на англиски јазик)
Времетраење: 20 минути
Кои се неопходните основи за професионален дизајн за притисно-независни вентили? Кои се различните типови? Што треба да се земе предвид? Овие прашања се фокусот на основната обука 3.1.
Образовното видео ги покрива основните познавања за дизајнот на притисно-независните вентили и особено се фокусира на следниве точки:
- Функција и дизајн на притисно-независни регулациони вентили
- Разлика меѓу механички/електронски
- Што значи авторитет на вентил?
Основи 3.2: Дизајн на притисно-независни вентили (Дел 2) (на англиски)
Времетраење: 12 минути
Како се дизајнираат/димензионираат притисно-независните вентили? Што е авторитет на вентили? Што треба да се земе предвид? Овие прашања се фокусот на основната обука 3.2.
Образовното видео ги покрива основните познавања за дизајнот на притисно-независните вентили и особено се фокусира на следниве точки:
- Притисно-независни регулациони вентили
- Разлика меѓу механички/електронски
- Авторитет на вентили
Концепти на мерење (на германски јазик)
Времетраење: 36 минути
Што значат концептот на мерење, концептот на точка на мерење и контрола на енергијата? Зошто треба да се земе предвид концептот на мерење за време хидронското планирање? Која е содржината на концептот на точка на мерење? Што се KPI?
Едукативното видео дава информации за интеграцијата на мерливите концепи во хидроничното планирање и се фокусира воглавно на следните точки:
- Концепти на мерење за карактеристики на наплата
- Концепти на мерење за контролирање на енергија
- Оптимизација на точки на мерење
- Евалуација на податоци за енергија
Специјално познавање на хидроники и вентили(на Германски)
Времетраење: 25 минути
Дали сте веќе запознаени со основите на вентилите и хидронските кругови и сега сакате да го продлабочите вашето знаење? Дали сакате да знаете повеќе за разликите меѓу притисните вентили и вентилите со контролна карактеристика, за опсежноста и релевантните карактеристични криви? Тогаш сте дошле на вистинското место со ова образовно видео.
Семинарот обезбедува детално познавање за професионални и воглавно се фокусира на следниве точки:
- Влезен скок на вентилите, чистење на седиштето на вентилот
- Притисен вентил наспроти вентил со контролна карактеристика
- Карактеристични криви на вентилите
- Опсежност
- Кавитација
- Информативен DIN EN 52120-1 (заменски DIN EN 15232-1)
Потрошувачка-врз основа на пресметка на енергетски трошоци за механичка вентилација(на Германски)
Времетраење: 23 минути
Кај комерцијалните објекти со механичка вентилација, многу години вообичаена практика е да се врши распоредување на трошоците за вентилација на различни станари според однапред дефиниран клуч. Клучот за дистрибуција што се користи вообичаено е површината доделена на секој станар во однос на вкупната површина што се проветрува на објектот. Сепак, овој пристап не ги зема предвид или не ги поддржува новите трендови и барања за дополнително намалување на потрошувачката на енергија во објектите.
Кои се достапните опции денеска за фактурирање врз основа на потрошувачката на енергетските трошоци за механичка вентилација? Што бара законот за енергија на објектите? Кои се техничките барања? И кога има економска смисла фактурирањето врз основа на потрошувачката?
Овие прашања се фокусот на ова образовно видео.
Семинарот ќе се фокусира воглавно на следните точки:
- Решенија за фактурирање врз основа на потрошувачката на енергетските трошоци за механичка вентилација
- Закон за енергија на објектите и VDI 2077
- Барање за рентабилност за фактурирање
- Дискусија за распределба на трошоците врз основа на актуелните волуменски протоци во дистрибутивниот систем
Едукативното видео е дизајнирано да биде независно од продуктот и генерално валидно дури и ако се употребуваат производи од други производители.
Хидронично балансирање и DIN EN ISO 52120-1(На Германски јазик)
Времетраење: 25 минути
Дали сте веќе запознаени со основите на вентилите и хидронските кругови и сега сакате да го продлабочите вашето знаење? Дали сакате да научите повеќе за DIN EN ISO 52120-1 и што се има сменео со неговиот вовед?
Едукативното видео дава детално знаење за професионалци и воглавно се фокусира на следните точки:
- Замена на DIN EN 15232-1 со DIN EN ISO 52120-1
- Земање во предвид на хидроснко балансирање на системите за греење и ладење.
- Класи на енергетска ефикасност
- Земање во предвид на станбени и нестанбени згради.
Специјализирано знаење за зонски решенија (на германски јазик)
Времетраење: 23 минути
Дали сте веќе сте запознаени со основите на вентилите и хидрауличните кругови и сега сакате да дознаете повеќе? Во ова едукативно видео ве запознаваме со решенија за притисно-независни зони во опсегот со 2 цевки и 4 цевки. Ако сакате да знаете што ги прави вентилите притисно-независни во зоната толку посебни, кои се придобивките за различни апликации и какви решенија се достапни, дојдовте на вистинското место!
Семинарот обезбедува детално познавање за професионални и воглавно се фокусира на следниве точки:
- Разлики помеѓу притисно-зависни и притисно-независни системи во зоната
- Системи со 2 цевки и 4 цевки
- Хидронско балансирање во зоната
- Притисно-независен брз компактен вентил PIQCV/6-насочен вентил EPIV
За да добиете најголема можна флексибилност и да го следите вашиот напредок, можете да ги завршите чекорите на учење еден по еден и да продолжите со учење подоцна.
Создајте профил за ова со регистрирање.
Основи на сензорот
Времетраење: 145 минути
Во оваа серија на модули, ги учиме основите на сензорите и одговараме на следниве прашања:
- Зошто сензорите се толку важни во градежната автоматизација?
- На кои принципи работат?
- Во кои области на примена се користат во индустријата за HVAC?
Belimo Energy Valve™
Времетраење: 60 минути
Во оваа е-обука, за нашите многу барани енергетски вентили со мерач на топлинска енергија, ги опфаќаме следните теми:
- Кои се предностите на енергетскиот вентил?
- Каде се користи и кои контролни режими се можни?
- Што значи синдром на нискo delta T и како енергетскиот вентил го спречува ова?
Основи на технологијата bus
Времетраење: 75 минути
Оваа основна обука ги одговара следните прашања за bus-системите:
- Што е топологија на објект?
- Кои технологии за комуникација се достапни?
- Разлики меѓу структурите на објектите во минатото, сегашноста и иднината
- Кои bus протоколи се достапни во Belimo?
- Кои се предностите и недостатоците на различните bus-протоколи?
Мерач на термална енергија
Времетраење: 150 минути
Во оваа е-обука, ние ве учиме за основите на нашиот мерач на топлинска енергија со MID одобрување.
- Како функционира нашиот принцип за мерење (греење/ладење)
- Како ја земаме предвид и како компензираме за содржината на гликол во водата?
- Кои комуникациски интерфејси и подесувања се достапни и возможни преку веб-серверот?
- Поврзување преку поле на комуникација во близина и оперирање со Belimo Assistant App
- Како се извршува пуштањето во употреба?
- Како можам да ја активирам моќноста етернет?
- Како можам да го активирам мерачот на топлинска енергија?
- Што треба да се земе предвид со стандардите EN1434 и MID 2014/32/ЕУ?