Надградете го вашиот систем со подобра технологија
Надградувањето на HVAC системот со понова технологија ефективно ја поддржува растечката побарувачка за поголема енергетска ефикасност, подобрена удобност на станарите и поздрав воздух на затворено. Надградената опрема исто така ги поддржува иницијативите за заштеда на енергија: Паметни, високо-квалитетни контролни компоненти, кои на пример се подоверливи, бараат помалку одржување и се помалку подложни на расипување, кое води до подолг животен век на целиот систем.
Спречете протекување со затегнати регулациони вентили
Стари и дефектни регулациони вентили се предизвик за системските перформанси со нарушена регулациона точност и протекување, притоа водејќи кон нерамномерно загревање или ладење, бидејќи вентилот не може да го регулира протокот прецизно. На пример, 1% протекување резултира со 5 до 10% загуба на енергија. Дополнително кон зголемувањето на потрошувачката на енергија и неудобноста на станарите, оваа намалена регулација и балансирање исто така ќе предизвика работа за одржување.
Јасно е: Доверлива контрола и регулација на проток се суштински важни за да ги поддржат динамичните оптоварувања со ладење и греење во згради. Вентилите со контролна карактеристика на Belimo (CCV) се непропусни регулациони вентили кои се дизајнирани да ги заменат старите вентили за поточно, реактивно решение кое не бара одржување.
Ослободете ја моќта на податоците
Можноста за дигитална комуникација кај HVAC уредите и опремата – како поврзаност со клауд и други дигитални протоколи за комуникација - е суштински важна при обезбедувањето специфични податоци од реално време кои се неопхосни за аголемувае на енергетската ефикасност и удобност во згради.
Палетата на паметни HVAC теренски уреди на Belimo, заедно со можноста за дигитална комуникација, отвора потенцијал за ефикасност со обезбедување на вредни податоци за градење аналитика, кое води до фундирано носење одлуки и оптимизирани перформанси на зградата.
Напредната технологија на Belimo со Modbus и BACnet овозможува едноставна системска интеграција и пристап до податоци од уредот во реално време, притоа помагајќи значително да се намали времето на отклонување грешки, трошоци за одржување и системската комплексност.
Развијте го вашиот систем да биде притисно независен
Зградите се динамични и постојано еволуираат како се менува нивната употреба и намена со тек на време. Застарени HVAC системски компоненти, реновирања и проширувања на згради значително можат да влијаат врз перформансите на хидронски систем. Одржувањето и надгледувањето на точни услови на проток на HVAC системот е од суштинско значење да се гарантира дека енергијата се распределува рамномерно и ефикасно во зградата.
Технологијата на притисно-независен вентил игра суштинска улога при справување со единствените регулаторни предизвици на варијабилни системи за пумпање проток. Belimo нуди серија притисно-независни (PI) контролни вентили од PIQCV, компактен и непропусен PI вентил; на EPIV, електронски PI вентил кој нуди мерење на проток во реално време; на Energy Valve кој оптимизира и документира потрошувачка на енергија на HVAC инсталации.
Оптимирањето на брзината на пумпата на HVAC системите во реално време може да помогне значително да се намали потрроѓувачката на енергија и да се подобри ефикасноста на целиот систем. За да ја намалите брзината на пумпата, нејзината глава на притисок треба динамички да се контролира според положбата на отворање на околните вентили. Оваа функција на оптимизирачот на пумпата може лесно да се имплементира со Belimo електронските притисно-независни вентили или Belimo Energy Valve.
Дополнителна заштеда може да се постигне со континуирано надгледување на delta T на хидруличниот круг и негово споредување со посакуваниот delta T сет поинт со Belimo Energy Valve. Да претпоставиме дека фактичката delta T паѓа под сет поинтот за предодреден период. Во тој случај, Менаџерот за Delta T се активира и го прилагодува протокот додека delta T е на или над поставениот минимум.
Ако сте подготвени да инвестирате повеќе време и труд, кликнете овде:
Ако барате едноставно подобрување, кликнете овде:
Производи специфични за потрошувачот
Приспособени производи. Помал напор, поголем профит.
Belimo нуди повеќе од само производи. Ние ги поддржуваме нашите клиенти со однапред произведени, однапред монтирани и тестирани склопови за да се вклопат најдобро во вашите апликации.
Повеќе документи поврзани со RetroFIT+
-
RetroFIT+ Алатка за замена на продукт
-
RetroFIT+ Производи за замена
-
RetroFIT+ Guide
(pdf -
6,23 MB)
-
RetroFIT+ checklist – Water applications
(pdf -
1,96 MB)
-
Data collection for RetroFIT+ rotary valve adapters
(pdf -
1,11 MB)
-
Data collection for RetroFIT+ globe valve adapters
(pdf -
950 KB)
-
Одржливост-Belimo изјава
-