Belimo се приклучи на Eurovent како дописен член
Belimo официјално се приклучи на Eurovent - Европската индустриска асоцијација за внатрешна климатизација (HVAC), процесно ладење и технологија за ладен синџир за храна - како дописен член во ноември 2022 година. Како членови на асоцијации како Eurovent, ние - заедно со другите учесници на пазарот - можеме активно да влијаеме и да ги оформуваме индустриските норми, стандарди и прописи кои ќе влијаат врз нас во иднина.
Голема придобивка од членството во асоцијации како Eurovent е можноста за вмрежување и размена со другите за трендовите во нашата индустрија. Во Belimo, придонесуваме со нашата експертиза и активно работиме со други членови и асоцијации за да се справиме со тековните предизвици за заштеда на енергија, одржливост и безбедност и да ги поттикнеме со добри примери и иницијативи.
Единици за регулирање воздух во групата за производи на Eurovent
Оливер Тоф, виш раководител на тим во Единици за регулирање воздух во Belimo, нè претставува во групата за производи на Eurovent „Клима комори (AHU).“ Групата за производи на Eurovent AHU ги покрива клима коморите за нерезиденцијални цели. Таа се занимава соклима коморите и нивните компоненти (на пр., филтри за воздух, компоненти за обновување енергија, вентилатори), често во соработка со специјализираните групи за производи на Eurovent кои опфаќаат конкретни компоненти. Таа е најголема работна група на производители на единици за регулирање воздух ширум светот. Ја поддржуваат и асоцијации на членови на Eurovent на национално ниво. Клучните задачи на групата вклучуваат застапување за европските и националните законодавни иницијативи на оваа тема, развивање на стандарди EN, ISO и стандарди на Eurovent, општа промоција на индустријата и иницијативите за извоз и намалување на неправедните трговски бариери внатре и надвор од Европа.
Работна група на Eurovent за Декларација за еколошки производи (EPD - Environmental Product Declaration)
Марк Шнајдер, раководител на групата Одржливост во Belimo, нè претставува во новоформираната работна група на Eurovent за Декларација за еколошки производи (EPD). Целта на работната група - која ги опфаќа сите групи производи - е да работи на пресметување и откривање на еколошките перформанси на производите HVACR.
„Тоа што сме дел од работната група ни овозможува активно да влијаеме и да ја обликуваме работата што се врши на темата за EPD. Во моментот нема стандардизиран пристап за EPD за производи во климатизацијата. Како работна група, имаме за цел да го решиме овој јаз и да ги усогласиме различните пристапи кои се појавија за да создадеме рамноправни услови за работа, да ја зголемиме довербата и да го намалиме товарот за производителите како нас.“ вели Марк Шнајдер.
Повеќе за Декларацијата за еколошки производи
Документите за EPD се стандардизирани документи што се користат за информирање за потенцијалните еколошки влијанија и придобивки од производите во текот на нивите работни векови врз основа на анализа за Процена на работниот век (LCA - Life Cycle Assessment). Денеска, документите за EPD се потребни за производи во градежни проекти, кои се проектираат и градат во согласност со меѓународните шеми за сертификација за еколошки градби, како што се LEED, BREEAM или DGNB. EPD веројатно ќе стане задолжителна за сите нови згради во ЕУ од 2030 година, според предложената ревидирана Директива за енергетски перформанси на зградите (EPBD).
Belimo и индустриски асоцијации
Нашите тековни и потенцијални клиенти се членови на Eurovent. Да се биде активен член и соработник во асоцијации е еден начин да бидеме близу до нашите клиенти и да дознаеме што тие имаат на ум и кои се нивните потреби. Нашето претставување во асоцијации, како што се Eurovent, EU.bac, EVIA и Rehиva, покажува дека ние во Belimo сакаме активно да ја обликуваме иднината на нашите индустриски норми и стандарди во Европа.